Свет 31. јануари 2020. / 15:04

Британските парламентарци го напуштија Европскиот парламент и го земаа британското знаме

Британските парламентарци го напуштија Европскиот парламент и го земаа британското знаме

Британските парламентарци ја напуштија зградата на Европскиот парламент денеска, носејќи го со нив знамето на нивната земја, со што го означија го излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен рече „ова е тажен ден за Унијата“, но дека силата на организацијата е „во заедништвото, а не во изолација.

Сакаме да имаме најдобри можни односи со Велика Британија, а тие никогаш нема да ги имаат придобивките од членството“, рече Фон дер Лејен.

И други водачи на ЕУ рекоа дека Унијата сака најдобри можни односи со Велика Британија по нејзиното излегување, но потсетија дека не можат да бидат исти како што беа кога беа членка.

Колку повеќе Велика Британија се оддалечува од стандардите на ЕУ по Брексит, толку помалку пристап ќе има на европскиот единствен пазар, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел.

Никогаш не е среќен моментот кога некој ќе замине, но ние отвораме ново поглавје, рече Мишел на заедничката прес-конференција во Брисел со претседателот на ЕК, Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли.