Свет 04. јануари 2021. / 11:41

Британскиот суд денеска одлучува за екстрадиција на Асанж

Британскиот суд денеска одлучува за екстрадиција на Асанж

Судот во Велика Британија денеска одлучува дали ќе го испорача основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во САД, кој по објавувањето на стотици илјади доверливи американски документи, сака да му суди за шпионажа.

Судијката Ванеса Бараистер во Лондон ќе ја објави одлуката за тоа дали основачот на платформата Викиликс ќе биде екстрадиран во САД.

Доколку биде екстрадиран, а потоа биде прогласен за виновен за шпионажа, за што Асанж ги обвинува САД, тој може да оди во затвор од 30 до 40 години, велат неговите адвокати, додека обвинителите најавуваат дека ќе биде осуден на повеќе од 63 месеци затвор, пренесува Ројтерс.

Без оглед на пресудата, двете страни имаат можност да се жалат.

Случајот против Асанж се заснова на фактот дека Викиликс објави стотици илјади протечени американски документи за војните во Авганистан и Ирак, како и дипломатската доверлива комуникација, во 2010 и 2011 година.