Премиерот Борис Џонсон е позитивен на тестот за корона вирус, соопшти Даунинг стрит, јави БиБиСи.
Тој има лесни симптоми и ќе биде изолиран во неговата резиденција.
-Тој беше тестиран за корона вирус по личен совет на главниот медицински офицер на Англија, професорот Крис Вити, се вели во соопштението.
Британскиот премиер ќе биде изолиран, но сепак ќе продолжи со обврските како одговорен за справувањето со кризата со новиот вирус од страна на владата, се додава во соопштението.