Свет 09. октомври 2019. / 12:18

Британскиот парламент планот за „Брегзит“ ќе го претстави на 19 октомври

Британскиот парламент планот за „Брегзит“ ќе го претстави на 19 октомври

Британските парламентарци ќе се состанат следната сабота, на 19 октомври, на вонредна седница на која ќе се разговара за прашањето за Брекзит. Седницата ќе се одржи на помалку од две недели пред заминувањето на Велика Британија од ЕУ.

Собранието ќе биде свикано само два дена по самитот на Европската унија, на којa се очекува да се разјасни ставот на Европа за предлозите на премиерот Борис Џонсон. Неговите напори за потпишување договор со ЕУ во последен момент се очекува да бидат клучни за утврдување на иднината на земјата.

Британскиот премиер во неколку наврати инсистираше на тоа дека неговата земја треба да ја напушти Европската унија на 31 октомври, но неговите владини претставници исто така рекоа дека шефот на владата ќе се придржува кон законот.

Надежите на Џонсон за постигнување договор за време на преговорите за Брекзит добија уште еден удар кога ирскиот министер за финансии изјави дека владата на неговата земја не сака царински контроли помеѓу Република Ирска и Северна Ирска. Борис Џонсон се очекува во четврток да се сретне со ирскиот премиер Лео Варадар, за да се обиде да го убеди својот колега да ги прифати плановите на британската влада за „Брекзит“ за царинските контроли на границата, пренесува Гардијан