Свет 14. March 2019. / 19:30

Британскиот парламент изгласа: Нема нов референдум за Брегзит

Британскиот парламент изгласа: Нема нов референдум за Брегзит

Британскиот парламент гласаше против предлогот да се одржи нов референдум за Брегзит.

Против предлогот со кој се повика на уште едно изјаснување дали Британија треба да остане во Европската Унија или да излезе од неа, гласаа 334, наспроти 85 пратеници.

Во британскиот парламент денеска се одржуваат низа гласања во врска со тоа дали би требало да се одложи брегзитот, кој во моментов е закажан за 29 март, наведе „АП“.

Британските пратеници во средата гласаа против стратегијата за излез од ЕУ без план за Брегзит.