Свет 20. декември 2019. / 11:56

Британскиот парламент до 9 јануари ќе го ратификува договорот за Брегзит

Британскиот парламент до 9 јануари ќе го ратификува договорот за Брегзит

Претседателот на Долниот дом на парламентот на Велика Британија, Џејкоб Рис-Мог, соопшти дека Владата планира до 9 јануари да го ратификува договорот за Брегзит.

Конзервативците на британскиот премиер Борис Џонсон освоија големо мнозинство на изборите минатата недела и не се очекува да се соочат со проблеми при ратификување на документот.

Пратениците ќе почнат со дебати на таа тема, по што ќе одвојат уште три дена на договорот за Брегзит на 7, 8 и 9 јануари.

Ова ќе потрае околу три недели за ратификување на договорот од страна на Домот на лордовите, каде владата нема контрола врз агендата. Вообичаена практика е Горниот дом да не ги блокира политиките што се содржани во изборната програма на Владата.