Британскиот министер за Брегзит Доминик Раб поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за излегување од ЕУ.
Раб соопшти дека совеста не му дозволува да го поддржи тој нацрт договор.
Тереза Меј синоќа објави дека после состанокот, владата обезбедила поддршка за предлог-договорот.
ББС наведува дека некои од министрите се спротивставиле на одлуката. Оваа оставка претставува голем удар за пермиерката Меј, која денес треба да се обрати во парламентот по повод постигнувањето на договорот.