Свет 16. декември 2018. / 12:25

Британски министер откри дали ќе има друг референдум за Брегзит

Британски министер откри дали ќе има друг референдум за Брегзит

Британскиот министер за образовение Демијан Хиндс изјави денеска дека владата не планира повторно референдум за Брегзит, а со тоа ги негираше наводите на министри дека се разгледува можност за такво гласање.

Хиндс за Скај њуз рече дека нов референдум би предизвикал поделби.

– Народот веќе гласаше, референдум имавме и сега мора да ги спроведеме во дело резултатите од тоа гласање. – изјави министерот.

Тој го оквалификува како „избалансиран“ договорот на премиерката Тереза Меј со ЕУ за напуштањето и смета дека пратениците треба да го поддржат.