Свет 12. јуни 2020. / 21:30

Британски авиокомпании бараат оценка на законитоста на одлуката за карантин за патници во Велика Британија

Британски авиокомпании бараат оценка на законитоста на одлуката за карантин за патници во Велика Британија

Авиокомпаниите „Бритиш ервејс“, „ИзиЏет“ и „Рајанер“ покренаа оценка на законитоста на планот за карантин на британската Влада, со барање што побрзо да се спроведе судска ревизија.

Авиокомпаниите, претходно оваа недела, најавија дека ќе се обидат да го запрат правилото за 14-дневен карантин за меѓународните пристигнувања, за кои веруваат дека ќе ги одврати туристите од патување, со што би се зголемила понатамошната загуба на работни места.

Адвокатите на авиокомпаниите велат дека доколку се спроведе судска ревизија Владата ќе мора да изнесе научни докази за да ја поддржи потребата за карантин.

Правилото за 14-дневен карантин по влегувањето во Велика Британија стапи во сила во понеделникот.

Авиокомпаниите, исто така, ја отфрлаат опцијата за „воздушни коридори“, кои би се воспоставувале со билатерални договори меѓу земји со ниска стапка на заразени.