Британската влада донесе одлука да ги затвори сите основни училишта во Лондон во следните две недели со цел да се спречи ширењето на новиот многу заразен вид на коронавирусот, објави градоначалникот на главниот град Садик Кан.
Владата конечно го разбра и го смени своето мислење, напиша градоначалникот на Лондон Садик Кан на Твитер, додавајќи дека сите училишта во Лондон ќе бидат третирани еднакво и ќе останат затворени.
Британскиот министер за образование, Гевин Вилијамсон, во средата го претстави планот за одложување на отворањето на средните училишта, според кој повеќето основни училишта во кои учествуваат деца под 11-годишна возраст ќе бидат отворени навреме следната недела, по крајот на Божиќните празници.