Индустријата за храна и пијалаци во Велика Британија ја повика владата да се откаже од некои аспекти на Законот за конкурентност во случај на нерегулиран брегзит за да им овозможи на добавувачите и трговците на мало да ги координираат пратките со храна низ целата земја.
Според Би-би-си, Федерацијата за храна и пијалаци (ФДФ) повеќе пати побара од министрите објаснување за тоа како индустријата може да одговори ако Велика Британија ја напушти Европската Унија на 31 октомври без никаков договор, што потенцијално може да го наруши снабдувањето со свежа храна.
–Во случај на нарушување поради излез без договор, доколку владата сака синџирите за снабдување со храна да работат заедно за решавање на веројатниот недостиг и да одлучат кои места ќе бидат приоритетни за пратките – тие ќе треба да обезбедат ‘челична’ писмена гаранција дека Законот за конкуренција нема да биде строго спроведен во таквите дискусии – рече главниот оперативен директор на ФДФ, Тим Рајкрофт, пренесува „Ројтерс“.