Британка која се обидела да ја отвори вратата за време на авионски лет е осудена на две години затвор, пишува Си-Ен-Ен.
26-годишната Клои Хејнс била во јуни минатата година на летот од Лондон до Даламан во Турција кога екипажот и другите патници ја запреле да не ја отвори вратата од авионот.
Од авиокомпанијата, на чиј лет се наоѓала, изјавиле дека доживотно ѝ забраниле да влегува во нивните авиони.
За време на судењето речено е дека Хејн за време на патувањето била под дејство на алкохол и лекови и дека не се сеќава на инцидентот. Признала вина за загрозување на безбедноста на патниците во авионот, како и за напад на екипажот на авионот.
За време на инцидентот велела дека сака да умре и дека сите ќе бидат убиени. Нејзиниот адвокат рекол дека Хејнс не пие алкохол од инцидентот и дека редовно оди на состаноци на анонимни алкохоличари.