Свет 13. мај 2020. / 11:10

Британка починала откако ја плукнал заразен од корона вирус

Британка починала откако ја плукнал заразен од корона вирус

Вработена во британски железници починала од коро навирус, откако на неа плукнало непознато лице додека работела на станицата Викторија во Лондон, соопшти Здружението за вработени во сообраќајот (ТССА).

Бели Муџинга (47) и нејзината колешка биле на работа на 22 март кога непознато лице плукнало кон нив и намерно им кашлало. Непознатиот сторител потоа рекол дека е заразен со корона вирус. Муџинга починала две недели подоцна, на 5 април.

Британската сообраќајна полиција објави дека почнала истрага за инцидентот.

Здружението на вработени во сообраќајот соопшти дека Муџинга страдала од хронични респираторни проблеми поради што претходно и била извршена операција. Оттаму додаваат дека раководството било свесно за нејзината здравствена состојба и дека, дури и по инцидентот, Муџинга продолжила да работи до 25 март, кога нејзиниот доктор рекол дека мора да оди на боледување.

Муџинга и нејзината колешка се заразиле со Ковид-19 многу брзо по нападот или 11 дена по инцидентот. Муџинга била пренесен во болницата Барнет и сместена на респиратор.