Свет 09. февруари 2021. / 23:30

Британија со построга гранична контрола, за непочитување на мерки можен е и затвор

Британија со построга гранична контрола, за непочитување на мерки можен е и затвор

Од следната недела властите во Велика Британија ќе воведат построга гранична контрола со цел да се спречи ширењето на новите варијанти на коронавирусот, барајќи хотелски карантин за луѓе кои доаѓаат во земјата.

Властите се заканија – доколку не се почитуваат мерките можна е и затворска казна до 10 години. Мерките во Велика Британија може да останат во сила се додека владата не биде сигурна дека вакцините дејствуваат против нови варијанти на коронавирусот, нагласи Хенкок.

Министерот за здравство Мет Хенкок изјави дека прекршителите на правилата, што стапуваат во сила на 15 февруари, може да завршат во затвор и парична казна до 10.000 фунти.

-Секој што ќе лаже во образецот за лоцирање патници и се обиде да скрие дека бил во држава која е на „црвената листа“ 10 дена пред да дојде тука, ќе се соочи со казна затвор од 10 години, рече Ханкок во Парламентот.