Свет 22. ноември 2020. / 16:35

Британија ќе бележи кој ќе се вакцинира против Ковид-19: Размислува за воведување на „ковид-пасоши“

Британија ќе бележи кој ќе се вакцинира против Ковид-19: Размислува за воведување на „ковид-пасоши“

Според Сандеј Тајмс, оваа мерка би им овозможила на носителите на новиот документ послободно да се движат низ земјата, вклучително и на службени патувања, отколку оние кои одбиваат вакцинација.

Британските власти ја разгледуваат можноста за воведување „ковид пасоши“ за оние кои биле вакцинирани против новиот вид коронавирус, објави весникот „Сандеј Тајмс“, повикувајќи се на свои извори.

Според весникот, таквата мерка ќе им овозможи на носителите на новиот документ послободно да се движат низ земјата, вклучително и на службени патувања, отколку оние кои одбиваат вакцинација.

Оваа одлука наведе на огромни критики од јавноста, каде што некои отидоа предалеку и го споредија овој потег на британската влада со „Давидовата ѕвезда“ која била ставана на Евреите во Германија за време на Втората светска војна. Други пак, предупредија дека тоа би можело да го забрза ширењето на вирусот, бидејќи се уште немаме докази за тоа дали некој може повторно да се зарази од вирусот.

Се очекува одлуката утре во Парламентот да ја објави британскиот премиер Борис Џонсон.