Свет 04. декември 2018. / 20:40

Британија ја одби понудата на Брисел да го поништи Брегзит

Британија ја одби понудата на Брисел да го поништи Брегзит

Брисел изрази подгoтвеност да направи голем пресврт во врска со преговорите за излез на Британија од ЕУ.

Британската влада нема намера да се повлече од излегувањето од Унијата, одговори на понудата портпаролот на премиерката Тереза Меј. Таа е пред голема битка за обезбедување мнозинство на клучното изгласување на договорот за Брегзит во Парламентот на 11 декември. Портпаролот на Меј рече дека не доаѓа предвид повлекувањето од Брегзитот.

Претходно, главниот советник на највисокиот суд на Европската Унија, Европскиот суд за правда, објави денеска дека Британија може еднострано да ја повлече одлуката за излез од ЕУ.

Можноста за еднострано повлекување останува се до моментот додека формално не се заклучи договорот за излез од Унијата- се наведува во соопштението од Европскиот суд на правдата.