Свет 07. јануари 2020. / 10:15

Британија го намалува персоналот во амбасадите во Техеран и во Багдад

Британија го намалува персоналот во амбасадите во Техеран и во Багдад

Велика Британија го намалува персоналот во амбасадите во Ирак и во Иран на минимум.  Причина за таквата одлука на официјален Лондон е убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во американски воздушен напад, јави „Скај њуз“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Во извештајот се наведува дека повлекувањето на дипломатите е превентивна мерка и не е последица на иранските закани.

Амбасадорите Роб Макер во Техеран и Стивен Хикеј во Багдад ќе останат на своите места.

Портпаролот на Форин офисот изјави дека амбасадите во Багдад и Техеран остануваат отворени, но одби да ги коментира оперативните информации.