Свет 17. февруари 2021. / 11:48

Британија дозволи волонтери намерно да се заразуваат со ковид-19 за истражувачки цели

Британија дозволи волонтери намерно да се заразуваат со ковид-19 за истражувачки цели

Велика Британија денеска ќе стане првата земја во светот која ќе им дозволи на волонтери свесно да бидат изложени на Ковид-19, со цел да придонесат во борбата против пандемијата.

Во тестирањето, што ќе почне за еден месец, ќе бидат вклучени 90 здрави волонтери, на возраст од 18 до 30 години, кои ќе бидат изложени на коронавирусот во „безбедни и контролирани услови“.

Тестирањето е со цел да се утврди на кој начин Ковид-19 влијаа врз луѓето.