Британското регулаторно тело најверојатно ќе ја одобри вакцината АстраЗенека оваа недела.
За жал, вакцината, со ефикасност над 90 проценти, беше тестирана само на 2.000 волонтери, и тоа само во возрасна група од 18 до 55 години, рече д-р Кристијан Рамадан, хрватски научник од Универзитетот во Оксфорд, пренесува „Вечерњи лист“.
-Најверојатно, ќе биде одобрена само целосната доза за првата и втората вакцинација, кои штитат од болеста во 62 проценти од случаите, бидејќи истражувањето е спроведено на околу 20.000 волонтери и во возрасни групи, од 56-69 и 70 години и постари, додаде д-р. Рамазан.
За потсетување, директорот на „АстраЗенека“, Паскал Сориот, неодамна рече дека излегле со победничка формула според која ефикасноста на нивниот кандидат ќе биде иста како и кај вакцините на Фајзер или Модерна, но дека тој не може да објави ништо додека не биде официјално потврдено.