Свет 10. септември 2018. / 13:20

Британците воведуваат атеизам во училиштата

Британците воведуваат атеизам во училиштата

Британците имаат намера во училиштата да воведат атеизам, секуларизам и агностицизам, што предизвика голема полемика.

Наставниот предмет Религиско образование ќе го смени името во Религиско образование и погледи на светот, за да укаже на различноста на модерна Британија.

Новиот предмет ќе вклучува нерелигиозни погледи, но исто така и поголемиот дел од верувањата, според Комисијата за религиско образование, формирана од Религискиот совет на Англија и Велс.

Студентите ќе можат да учат за различните традиции на големите религии, како што се христијанството, будизмот, хиндуизмот, исламот, јудаизмот и сикизмот.

Децата ќе учат за хуманизмот, секуларизмот, атеизмот и агностицизмот.