Свет 12. мај 2020. / 16:09

Британците летово нема да можe да одат на одмор во странство

Британците летово нема да можe да одат на одмор во странство

Министерот за здравство на Велика Британија, Мет Хенкок, изјави дека Британците најверојатно ова лето нема да можат да патуваат на годишен одмор во странство поради пандемијата на корона вирусот.

На прашањето дали луѓето треба да прифатат дека ова лето нема да има патувања во странство, тој во емисија на „ИТВ“ рече: „Мислам дека тоа веројатно е така“.

Додека британската Влада полека се обидува да отвори некои сектори на економијата, уште некое време ќе бидат потребни одредени форми на физичко растојание.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека е планирано воведување на 14-дневен карантин за патниците кои доаѓаат од странство, со цел да се спречи втор бран на епидемија на корона вирусот.