Свет 20. септември 2020. / 22:30

Брисел сака повеќе овластувања за казнување на технолошките компании

Брисел сака повеќе овластувања за казнување на технолошките компании

Европската унија сака да се вооружи со нови овластувања за казнување на големите технолошки компании, пишува денес Фајненшл тајмс.

Предложениот план вклучува принудување на технолошки гиганти да суспендираат или продадат некои од нивните европски операции доколку се смета дека нивната доминација на пазарот ги загрозува интересите на купувачите и помалите ривали, наведува весникот.

До крајот на годината, Комисијата ќе предложи нови правила наречени Закон за дигитални услуги, со што ќе се зголеми одговорноста на социјалните медиуми за содржината на нивните платформи.

Комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, за „Фајненшл тајмс“ изјави дека предложените правни лекови, кои ќе се користат само во екстремни околности, вклучуваат можност големите технолошки групи целосно да бидат исклучени од единствениот пазар.

Брисел исто така разгледува систем за рангирање што ќе им овозможи на јавноста и на акционерите да го проценат однесувањето на компаниите во области како што се даночните обврски и брзината со која ја отстрануваат незаконската содржина.