Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави вечерва дека топката е во дворот на Велика Британија, кога станува збос за изнаоѓање начин за излез од ќорсокакот во преговорите за брегзит.
„Се надевам дека во наредните недели и месеци ќе успееме да ставиме крај на брегзит“ рекол Курц, чија земја претседава со ЕУ, во пресрет на почетокот на самитот на лидерите на тој блок посветен на излегувањето на Британија, пренесе АП.