Свет 04. септември 2019. / 12:06

Бразилски министер со тешки навреди до Макрон: Ќе те фатам за врат, имбецилу!

Бразилски министер со тешки навреди до Макрон: Ќе те фатам за врат, имбецилу!

Новиот бразилски министер за туризам Ренцо Гарсија, во видео објавено на Твитер го нарече францускиот претседател Емануел Макрон „кловн“ и се закани дека ќе го задави.

– Дојди ваму! Ќе те фатам за врат, тој пилешки врат. Нема да ме измамиш. – се закани Гарсија во видеото, лут на Макрон откако тој реагираше на пожарите во бразилскиот дел на Амазонија.

Тој кажа дека единствениот оган кој горел е огнот во бразилските срца и го нарече Макрон кловн.

По објавеното видео, бразилски новинар побара објаснување од министерот, но тој продолжи со навреди кон францускиот министер.

– Луѓето ќе помислат дека го нареков пиле затоа што сум сакал да ја доведам во прашање неговата машкост, но сум видел многу геј луѓе кои биле помажевни од овој имбецил. – рече Гарсија.

Потоа се префрли со навредите на француската прва дама Брижит.

– Ќе ви поставам прашање: Дали е грда или убава? Дали би ви фатила око?…Фактот дека Макрон спие со змеј не го прави познавач на огнот. Грда е човече. – изјавил министерот.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонеро неодамна, исто така, ја навредуваше Брижит Макрон, потсетувајќи на нејзините години и фактот дека е 24 години постара од својот сопруг.