Свет 26. октомври 2019. / 12:02

Борис Џонсон врши притисок врз лабуристите, бара предвремени избори во декември

Борис Џонсон врши притисок врз лабуристите, бара предвремени избори во декември

Британскиот премиер Борис Џонсон побара од шефот на опозицијата Џереми Корбин „да се однесува како маж“ и да прифати предвремени парламентарни избори за иднината на Брегзит да може да се помести од мртва точка.

Шест дена пред сегашниот рок за Брегзит, Европејците вчера ја одложија одлуката за траењето на пролонгирањето на рокот за излез на Велика Британија од ЕУ без договор, пред се, заради високите економски опасности и штети.

Без обезбедено парламентарно мнозинство, конзервативецот Џонсон за да го исполни своето ветување за реализиран Брегзит на 31 октомври, сака во понеделник да организира гласање за оддржување предвремени парламентнарни избори на 12 декември. За таква одлука  му е потребно двотретинско мнозинство од пратениците и подршка од лабуристичката опозиција.

Корбин синоќа изјави дека неговата партија нема да гласа за избори се додека постои заканата за излез од ЕУ без договор.

По состанокот на амбасадорите од 27 земји членки, вчераутро, Европејците повторно му ја вратија топката на Лондон. Според неколку европски извори, нов состанок на амбасадорите ќе има во понедленик или вторник кога ќе се одлучи за траењето на одложувањето на Брегзит.