Свет 26. април 2020. / 23:05

Борис Џонсон се врати на работа

Борис Џонсон се врати на работа

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва се врати на Даунинг стрит, објави „Скај њуз“, а владиниот портпарол претходно објави дека тој  ќе започне со работа утре.

Британскиот премиер се врати на Даунинг стрит откако ја помина првата недела во болница каде се  лекуваше  од вирусот корона, а потоа  две недели се опоравуваше  во резиденцијата надвор од Лондон.

Џонсон не е виден во јавноста откако на 12 април објави видео на Твитер, им се заблагодари  на здравствените работници во лондонската болница што му го спасиле  животот.