Свет 09. август 2020. / 19:45

Борис Џонсон порача: Британските училишта мора да се отворат во септември

Борис Џонсон порача: Британските училишта мора да се отворат во септември

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон рече дека повторното отворање на училиштата е социјален, економски и морален императив и инсистираше на тоа дека ќе може да работи безбедно и покрај заканата од пандемија.

Неговите коментари следат по студијата објавена на почетокот на овој месец, предупредувајќи дека на Велика Британија се заканува со втор бран на Ковид-19 оваа зима, двојно посилен од првиот ако училиштата се отворат без подобрен систем за тестирање и мониторинг.

Во написот за „Мејл“ Џонсон напиша дека повторното отворање на училиштата е национален приоритет. Училиштата треба да бидат последни што ќе затворат во идните локални карантини.

Училиштата во Англија се затворија во март за време на националниот карантин, освен за децата на клучните работници, и повторно беа отворени во јуни за мал број ученици.

Владата сака сите ученици да се вратат на училиште до почетокот на септември, што Џонсон го нарече „национален приоритет“.

„Држењето на нашите училишта затворени за момент подолго од тоа што е апсолутно неопходно е социјално неприфатливо, економски неодржливо и морално непростливо“, смета Џонсон.