Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека добил ветување од сите кандидати на Конзервативната партија на претстојните избори за поддршка на неговиот договор за Брегзит.
– Сите 635 кандидати ми ветија дека ако бидат избрани, ќе гласаат во Парламентот за одобрување на мојот договор за Брегзит, за да можеме да ставиме крај на периодот на неизвесност и конечно да ја напуштиме ЕУ – изјави Џонсон во интервју за „Телеграф“.
Џонсон посочи дека тој му нуди пакт на народот.
– Ако гласате за конзервативците, можете да бидете 100 проценти сигурни дека владата на конзервативното мнозинство ќе го одблокира Парламентот и ќе го спроведе Брегзит – нагласи Џонсон.
Изборите во Велика Британија ќе се одржат на 12 декември.