Свет 28. јуни 2020. / 12:00

Борис Џонсон: Ако нема договор со ЕУ нема да ни биде проблем да имаме ист статус како Австралија

Борис Џонсон: Ако нема договор со ЕУ нема да ни биде проблем да имаме ист статус како Австралија

Британскиот премиер, Борис Џонсон, предупреди дека доколку не биде постигнат договор за односите меѓу Лондон и Брисел по Брегзит, Велика Британија ќе биде подготвена да се повлече од своите преодни договори со ЕУ и да ги прифати условите што важат за трговските односи на Унијата со Австралија.

Според соопштение од неговиот кабинет, Џонсон во разговор со неговиот полски колега Матеуш Моравјецки, најавил дека Велика Британија ќе учествува во преговорите на конструктивен начин.

Велика Британија ја напушти ЕУ на 31 јануари, а преодниот период, за време на кој државата останува дел од единствениот пазар на ЕУ и царинската унија, истекува на 31 декември.

Тоа предизвикува зголемен притисок двете страни да постигнат договор за слободна трговија до тој момент.

Позициите на Лондон и Брисел засега се доста оддалечени, а нов круг на засилени преговори е предвидено да почне следната недела.