Свет 09. ноември 2019. / 18:02

Боливискиот претседател: Во тек е обид за државен преврат

Боливискиот претседател: Во тек е обид за државен преврат

Претседателот на Боливија, Ево Моралес, по бунтот на полициските службеници во три града, изјави дека во тек е „обид за државен преврат“.

Сестри и браќа, нашата демократија е во опасност поради обидот за пуч што го водат насилни групи против уставниот поредок. Пред меѓународната заедница го осудуваме нападот врз правната држава – напиша Моралес на Твитер по итниот состанок со министрите.

Моралес го повика народот да „ја брани демократијата“.

Го повикувам нашиот народ во мир да се грижи за демократијата и Уставот, со цел да се сочува мирот и животот како најголемо добро над сите политички интереси – наведува Моралес.

Најмалку три полициски единици вчера се побунија против Моралес, во градовите Сукре, Кочабамба и Санта Круз.

Боливиската Влада за сега ја отфрли можноста за ангажирање на армијата против побунетите полицајци.