Свет 04. јануари 2019. / 17:40

Боксер уби припадник на обезбедувањето на украинскиот претседател Петро Порошенко

Боксер уби припадник на обезбедувањето на украинскиот претседател Петро Порошенко

Припадник на обезбедувањето на украинскиот претседател Петро Порошенко, починал откако боксер го удрил во главата.

Несреќата се случи во ноќта меѓу 2 и 3 јануари, кога телохранителот на Порошенко, Василиј Хемљук бил удрен од познатиот украински боксер Петро Очеретјани.

Хемљук по ударот паднал на земја и набрзо починал.

На боксерот му се заканува казна затвор од 15 години.