Свет 24. април 2019. / 11:57

Bо Австралија прва жена на чело на полицијата стана Херцеговка

Bо Австралија прва жена на чело на полицијата стана Херцеговка

Катарина Керол, со девојчинско презиме Бошњак, чии родители се од Љубушко во Босна и Херцеговина, стана првата жена на чело на полицијата во Австралија.

Катарина Керол беше избрана за полициски комесар на една од шесте австралиски држави, Квинсленд. Тоа е највисоката полициска позиција во земјата.

Привилегија и чест е да се биде избран за комесар. Јас ќе дадам сè од себе во следните пет години за да ја зачувам безбедноста на оваа прекрасна земја”, рече Катарина Керол, која е во полицијата уште од 1983 година.

Таа е првата жена во 155-годишната историја зкоја ќе биде на чело на државната полиција, а во моментов е комесарка на Пожарникарската и итна служба на Квинсленд, додека новата функција официјално ќе ја преземе во август 2019 година, според порталот „Кликс“.