Поранешниот градоначалник на Њујорк милијардерот Мајкл Блумберг кој се уште не одлучил дали ќе се кандидира на претседателските избори во САД.
Но денеска сепак покрена онлајн рекламна кампања против американскиот претседател Доналд Трамп за која ќе вложи 100 милиони долари.
Како што пренесуваат медиумите, кампањата ќе почне во клучните држави Аризона, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин, кои се сметаат за држави кои би можеле да бидат неодлучни помеѓу демократите и републиканците па оттаму и клучни за победата на претседателските избори. Блумберг нема да се појавува на дигиталните реклами, но како што пишува на Твитер директно ќе се борат против Трамп. 77 годишниот Блумберг деновиве сепак најавува дека би можело да се кандидира на страната на демократите, најавувајки дека конечната одлука ќе ја донесел наскоро. Претседателските избори во САД ќе се одржат во ноември наредната година.