Свет 18. јуни 2020. / 14:51

Близу 300 илјади заболени и повеќе од 42 илјади починати од Ковид-19 во Велика Британија

Близу 300 илјади заболени и повеќе од 42 илјади починати од Ковид-19 во Велика Британија

Во Велика Британија има речиси 300.000 случаи на коронавирусот, додека повеќе од 42.000 лица починале, покажуваат податоците на британската Влада.

Овие бројки вклучуваат само луѓе кои биле тестирани за коронавирусот, така што бројот на починати веројатно е значително поголем, јави Би-Би-Си.

Според најновите податоци од Канцеларијата за национална статистика, неделниот број на починати се вратил на нормално ниво за овој период од годината.