Свет 18. февруари 2021. / 18:30

Бидете трпеливи и одговорни порача германскиот претседател

Бидете трпеливи и одговорни порача германскиот претседател

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер апелираше денеска на граѓаните да бидат трпеливи и одговорни.

Тој во онлајн разговор со граѓаните истакна дека ситуацијата моментно не е безбедна поради новите мутации на коронавирусот.

– Она што го научивме е дека нормалноста може да биде болно прекината и колку мораме да бидеме единствени, нагласи Штајмаер.

Шефот на државата изјави дека тоа стекнато искуство не треба да се заборави во иднина.