Свет 18. јануари 2019. / 22:16

Без знаци на живот: Пронајдени се телата на пилотите на „Су-34“

Без знаци на живот: Пронајдени се телата на пилотите на „Су-34“

Два руски воени бомбардери Сухои се судрија за време на лет над рускиот Далечен Исток, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Авиони Су-34 летале без вооружување, а се судрија над Јапонско Море.

Прво е пронајдено телото на едниот пилот од Су-34, а без никакви знаци на живот вечерва е пронајдено и телото на друиот пилот на борбениот авион.

Су-34 се воени авиони, тешки 45 тони и можат да носат осум тони оружје. Нивнииот тактички радиус е 4.000 километри. Су-34, исто така, можат да се опремат со доплнителни три резервоари за гориво при што можат да летаат осум часа непрекинато.