Свет 04. септември 2018. / 10:25

Бесценети експонати уништени во пожарот во Националниот музеј на Бразил

Бесценети експонати уништени во пожарот во Националниот музеј на Бразил

Огромниот пожар, кој избувна во Националниот музеј на Бразил во неделата, ја уништи целата збирка бесценети експонати, јавија локални медиуми.

– Се е готово, рече експертот Марко Аурелио Калдас, еден од ретките лица, кои влегоа во изгорена зграда.

Метеорити, кои се отпорни на високи температури, се единствените меѓу 20-те милиони експонати, што го преживеаа пожарот.

Според проценките на заменик-директорот на Националниот музеј Кристиана Сережо само 10 проценти од експонатите преживеале.

Националниот музеј на Бразил е сместен во зградата од 1892 година.

– Двесте години работа, истражување и познавање се изгубени, тажен ден за сите Бразилци, напиша претседателот Мишел Темер на Твитер.