Градското раководство на Берлин донесе одлука од следната недела да почне со постепено затворање на училиштата и градинките со цел да се намали ширењето на корона вирус.
Истовремено, од понеделник, и јавниот превоз ќе биде сведен на неопходниот минимум, соопшти градоначалникот Михаил Мулер.
Затворањето на воспитно-образовните установи ќе почне в понеделник, со суспендирање на наставата во средните училишта.
До вчера попладне, во Берлин беа потврдени 158 случаи на вирусот Ковид-19.