Свет 16. октомври 2019. / 12:01

Белгија повторно прими налог од шпанскиот Врховен суд за апсење на Пуџдемон

Белгија повторно прими налог од шпанскиот Врховен суд за апсење на Пуџдемон

Денес Белгија по трет пат прими Европски налог за апсење на поранешниот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон од шпанскиот Врховен суд, соопшти портпаролката на обвинителството во Брисел.

Таа објасни дека барањето пристигнало на шпански јазик, но според закон требало да биде напишано на еден од трите национални јазици на Белгија или на англиски јазик, поради што Шпанија ќе испрати ново барање следната недела.

– Со оглед на сложеноста на барањето и двата претходни налози против Пуџдемон, за случајот ќе биде потребна темелна судска анализа – изјави портпаролката.