Белата куќа ги прекина дневните брифинзи за пандемијата на коронавирус, но ќе продолжат подоцна во текот на неделата, додека премисуваат во фазата на повторно отворање на земјата.
Прекинот на брифинзите следува по неколку бурни денови, откако претседателот Доналд Трамп во четвртокот рече дека инјектирањето средства за дезинфекција може да биде лек за заболените од Ковид-19.
Меѓународен совет на лекари, здравствени работници и производители ги повикаа луѓето да не пијат или инјектираат средства за дезинфекција по коментарите на Трамп.
Портпаролката на Белата куќа, Кејли Мек Енани, изјави пред новинарите дека брифинзите може да добијат нов изглед и нов фокус.
„Сметаме дека тие беа многу позитивна, корисна можност претседателот да разговара со американскиот народ“, рече таа пред Белата куќа.
На брифинзите американските експерти за здравство информираат за напорите на федералната влада за борбата против епидемијата поради која починаа повеќе од 54.000 Американци.
Во изминатите неколку недели, брифинзите станаа и платформа на која Трамп, кој бара да биде реизбран во ноември, излезе со свои теории за коронавирусот и потенцијални лекови или за напад врз неговите политички непријатели.