Свет 30. мај 2018. / 10:57

Белата куќа подготвена за историската средба помеѓу Ким Џонг Ун и Трамп

Белата куќа подготвена за историската средба помеѓу Ким Џонг Ун и Трамп

Белата куќа е подготвена планираниот самит помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун да се одржи на 12 јуни како што и беше планирано, изјави портпаролката Сара Сандерс.

„Претседателот смета дека разговорите се одвиваат во добар правец, односно дека состаноците кои се одржуваа оваа недела се сигурно знак за напредок“, изјави Сандерс за новинарите кои патуваат со Трамп во Нешвил.

„Ќе бидеме подготвени за самитот ако се одржи на 12 јуни. Сигурно ќе бидеме подготвени и ако поради некои причини се одржи подоцна – за тоа ќе бидеме подготвени“, изјави таа.

„Одличен тим“

Трамп порано во вторникот потврди дека поранешниот шеф на севернокорејската известувачка служба Ким Јонг-чол патува во Њујорк, додека се продолжуваат подготвителните разговори за планираната средба помеѓу американскиот претседател и севернокорејскиот лидер.

Опишувајќи го Ким Јонг-чол како „потпретседател на Северна Кореја“, Трамп на Twitter потврди „дека моментално се во тек средби на кои се подготвува самитот“.

Сегашниот потпретседател од одборот на владејачката Работничка партија, Ким Јонг-Чол, е всушност највисокиот вршител на должност од Северна Кореја кој во последните дваесеттина години ја посетува територијата на САД.

„Составивме одличен тим за нашите разговори со Северна Кореја“, напиша Трамп на социјалните мрежи.