Свет 09. октомври 2019. / 11:10

Белата куќа одби да соработува во истрагата за отповикување на Трамп

Белата куќа одби да соработува во истрагата за отповикување на Трамп

Белата куќа и официјално одби да соработува во истрагата за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Во писмото испратено од таму до лидерите на Демократите, се вели дека истрагата е неоснована и уставно невалидна.

Во писмото долго осум страници, Демократите се обвинуваат дека „почнале истрага без да се гласа за тоа, со што ги нарушиле правото на праведност и уставно овластениот процес“.

Со цел да ги исполнат своите обврски кон американскиот народ, претседателот Трамп и неговата администрација нема да земат учество во вашата партиска и неуставна истрага – стои во писмото.

Писмото на Белата куќа уследи откако администрацијата на Трамп го блокираше појавувањето на американскиот амбасадор во Европската Унија, Гордон Сондленд, пред комитетите кои ја водат истрагата.

Инаку истрагата која ја водат три комитети на Претставничкиот дом против Трамп, во кој мнозинство имаат Демократите, е со цел да се утврди дали тој вршел притисок врз Украина да отвори антикорупциска истрага за Џо Бајден, еден од кандидатите за претседател.