Свет 06. февруари 2020. / 10:07

Белата куќа ликува: Се покажа дека процесот за импичмент на Трамп беше лов на вештерки

Белата куќа ликува: Се покажа дека процесот за импичмент на Трамп беше лов на вештерки

Белата куќа го поздрави гласањето во Сенатот во кое претседателот Доналд Трамп е ослободен од обвинувањата за злоупотреба на функцијата и опструкција на Конгресот и целиот процес на отповикување го нарече „лов на вештерки темелен на серија лаги“.

Лажниот обид за импичмент, што го смислија демократите, е завршен со целосна сатисфакција и ослободување на претседателот Доналд Трамп. Како што зборувавем цело време, тој не е виновен – се наведува во соопштението на прес секретарот на Белата куќа.

Американскиоот Сенат го ослободи Трамп од одбинувањата за злоупотреба на функцијата и опструкција на Конгресот. Со тоа заврши судењето во процесот за отповикување на претседателот Трамп.