МГМ Резортс Интернационал тужи стотина жртви на најсмртоносниот масакр во модерната историја на САД, со цел да избегне одговорност за овој страшен настан кој се случил во Мандалеј Беј Резорт и Казино на први октомври 2017 година.
Во тужбата на компанијата се наведува дека таа не сноси никаква одговорност и нема никаква обврска кон преживеаните жртви и семејствата на настраданите, како и кон федералниот закон кој стапил на сила после терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.
Тужбите се покренати против жртвите кои ја тужеле компаниајта, па ја повлекле тужбата или и се заканиле со овој правен метод, откако гостин од хотелот, од прозорецот на собата, убил 58 луѓе, а ранил стотина други, а потоа извршил самоубиство.
Против „активните“ тужби на жртвите, компанијата не покренала тужби.
МГМ од утре бара да се исклучи можноста за одговорност на компанијата.