Свет 23. ноември 2018. / 12:03

Бебе фрлија од прозорец за да го спасат од пожар (ВИДЕО)

Бебе фрлија од прозорец за да го спасат од пожар (ВИДЕО)

Шест лица, меѓу кои и мало бебе, мораа да се спасуваат со скок односно со фрлање од прозорец од зграда во Далас која била опожарена. Сите се спасија, а вознемирувачката глетка е снимена со камера.

Жителите и случајните минувачи пред зградата ставија душеци за да го ублажат падот на станарите кои скокаа низ прозорците за да ги спасат своите животи.

Вкупно шест станари од зградата успеаја да го избегнат пожарот и да побегнат на сигурно. Двајца станари притоа се здобиле со повреди кои не се опасни по живот.

Пожарникарите набрзо потоа стигнаа на местото на пожарот и го угасија огнот.