Илјадници луѓе во Баскија држејќи се за раце формираа “Жив ланец” од 200 километри со кои бараат право на референдум за независност на овој шпански регион.
Владата на Шпанија, со поддршка на уставниот суд, останува при ставот дека било какво гласање за регионална независност е незаконско. После барањето на Каталонија да добие независност сега тоа се случува и во Баскија.