Свет 18. јули 2020. / 17:21

Бајден: Русија продолжува да се меша во изборите во САД

Бајден: Русија продолжува да се меша во изборите во САД

Русија продолжува да се обидува да се меша во изборите во САД закажани за ноември, изјави најверојатниот кандидат за претседател на Демократската партија, Џо Бајден.

Бајден, кој рече дека почнал да прима брифинзи од разузнавањето, вели дека „Русите се уште се обидувале да го делегитимизираат изборен процес“.

Кина, од своја страна, работи на „губење на довербата во изборниот резултат“, нагласи тој пред приврзаници за време на настан за собирање средства преку интернет за неговата изборна кампања.

Бајден предупреди дека ако Русија продолжи да се меша во изборите и тој биде избран за претседател на САД, ќе ги натера „да платат вистинска цена“.

Не е јасно кога Бајден започнал да прима извештаи од американското разузнавање, вообичаена практика за кандидати за претседател на најголемите партии.