Свет 25. ноември 2020. / 13:30

Бајден: Границата меѓу Британија и Ирска мора да остане отворена

Бајден: Границата меѓу Британија и Ирска мора да остане отворена

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден кажа дека не сака да ја види границата на Британија и Ирска под стража, додавајќи дека за тоа претходно разговарал со британскиот и ирскиот премиер и други европски функционери.

Бајден претходно месецов ја истакна важноста на заштитата на Северноирскиот мировен договор во процесот на брегзитот во телефонски разговор со британскиот премиер Борис Џонсон, откако го победи сегашниот американски претседател Доналд Трамп на изборите од 3 ноември.

Владата на Џонсон се обидува да постигне трговски договор со Европската Унија, но порачува дека е спремна да се сврти и да замине без да го постигне. Тоа би ја искомплицирало ситуацијата на чувствителна северноирска граница со Република Ирска, единствената британска копнена граница со ЕУ.

Бајден на новинарите во Вилмингтон, во сојузната држава Делавер им кажа дека таа граница мора да биде отворена. „Не сакаме граница под стража“, одговори тој на прашањето на новинарите што би им порачал на преговарачите за брегзитот.

Договорот од Велики петок постигнат во 1998 стави крај на 30-годишното секташко насилство во Северна Ирска и без создадени институции на прекугранична соработка на ирскиот остров.

Џонсон во септември поднесе предлог закон со кој би се прекршил северноирскиот протокол од Договорот за брегзит со кој се труди да се избегне физичка царинска граница меѓу британската покраина и Ирска, членката на ЕУ.

Бајден, кој зборуваше за важноста на своите ирски корени, предупреди пред неколку месеци како претседателски кандидат на демократите дека Британија мора да го почитува договорот од 1998 додека се повлекува од членството од Унијата бидејќи во спротивно нема да има посебен трговски договор со САД.