Свет 21. јануари 2021. / 11:42

Бајден го запре повлекувањето на САД од Светската здравствена организација

Бајден го запре повлекувањето на САД од Светската здравствена организација

Американскиот претседател Џо Бајден, веднаш по влегувањето во Белата куќа го прочита писмото што, според традицијата, му го остави неговиот претходник, Доналд Трамп, и го оцени го како „многу дарежливо писмо“.

Зборувајќи од Овалната соба во Белата куќа, Бајден кажа дека нема да ја открие содржината на писмото поради почитта кон Трамп.

Претседателот напиша многу дарежливо писмо. Бидејќи беше приватно, нема да зборувам за тоа додека не разговарам со него, рече Бајден.

Бајден потоа ги потпиша серијата од 17 најавени извршни наредби/декрети и веднаш почна да поништува некои одлуки на Трамп.

Како што им потврди на новинарите во Овалната соба, една од првите наредби што ги потпиша беше повторното ангажирање на САД во Парискиот договор за климата.

Што се однесува до пандемијата, 46-от претседател на САД издаде наредба со која се воведува задолжително носење маска во просториите и областите што зависат од сојузните држави, како и при патување меѓу државите во САД. Дополнитено, го прекина процесот на излегување на САД од Светската здравствена организација.