Свет 20. јануари 2021. / 23:55

Бајден го прочита писмото од Трамп: Многу великодушно од него

Бајден го прочита писмото од Трамп: Многу великодушно од него

Претседателот на САД, Џо Бајден вели дека неговиот претходник Доналд Трамп му оставил „многу великодушно писмо“ пред заминување од функцијата.

Бајден од Овалниот кабинет изјави дека нема да ја открие содржината на писмото од почит спрема Доналд Трамп.

„Претседателот напиша многу великодушно писмо“, рекол Бајден. „Бидејќи беше приватно, нема да зборувам за тоа додека не разговарам со него“.